Полициски службеници од СВР Штип вчера напладне го лишиле од слобода Е.М.(36) од Штип.
Тој бил баран по централна поерница врз основа на судска наредба за доиздржување казна затвор од 11 години и 8 месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236, член 382, член 383, член 215 и член 396 од Кривичниот законик.
Штипјанецот бил спроведен во Затвор Куманово за доиздржување на казната, информира МВР.