Полицијата во акција, отвораат истрага за навивачите на Шкендија

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Секторот за внатрешни работи – Скопје во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје спроведуваат истрага поради националистичките скандирања кои беа забележани на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах што се одигра вчеравечер на Националната арена „Тодор Проески“.

Од МВР потврдуваат дека на трибините, од страна на навивачите на Шкендија, се скандирало „Илирида“, „Голема Албанија“ и други националистички пароли, и покрај претходните апели за фер и спортско однесување. Снимениот и документиран материјал од натпреварот веќе е предаден на надлежниот јавен обвинител, а се преземаат мерки за идентификација на лицата кои скандирале.

„Постапуваме врз основа на обезбедена видео и фото-документација. Со јавниот обвинител координираме следни чекори со цел целосно расчистување на случајот“, информираат од СВР Скопје.

Од Основното јавно обвинителство – Скопје, исто така, потврдија дека се вклучени во постапката и ги анализираат сите релевантни докази.

Министерството за внатрешни работи уште пред натпреварот предупреди дека нема да толерира националистички испади, потсетувајќи дека веќе санкционираше навивачи по инцидентот на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово, каде што, исто така, беа регистрирани говор на омраза и навреди.

Фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах заврши со победа на азербејџанскиот тим од 1:0. Единствениот гол беше постигнат во 18 минута, по удар од белата точка. Реванш натпреварот се игра на 12 август во Баку.

Share This Article