Background

Полицијата поднесе кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Полицијата поднесе кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од село Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело Несовесно работење во службата, по член 353-в од Кривичниот законик. М.А. – вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30.8.2017 година примила барање за издавање на патна исправа поднесено од Х.Ј.(50) од Косово, по што во системот, во задолжителниот дел за потполнување од приложена важечка лична карта или друг важечки јавен документ во графата ја внела само таксата, без ниту еден личен податок. Потоа, извршила фотографирање за издавање на патна исправа на лицето Х.Ј.(50) од Косово без приложен важечки личен документ за идентификација со внесување и искористување на податоци на идентитет од друго лице и на тој начин му овозможила да се стекне со лажен идентитет и патна исправа од РСМ“, соопшти полицијата.

Второпријавената М.И., вработена на работно место помлад советник за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, пропуштила да изврши должен надзор и на тој начин извршила повреда на законските прописи за издавање на патна исправа, се додава во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

„На 30.8.2017 година таа го одобрила барањето за изготвување на патна исправа за лицето Х.Ј. со внесени податоци од идентитет на друго лице“, соопшти полицијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation