Background

Полицијата одзеде возила, фати пијани возачи и лица без возачка

Во периодот од 18:00 до 02:00 часот на 9/10 август 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот и одржување на јавниот ред на подрачјето на град Скопје. При контролата се констатирани вкупно 99 сообраќајни прекршоци.

Од нив, 11 возила беа подигнати со специјалното возило „Пајак“, а две возила се одземени поради предизвикување голема бучава. Исто така, приведени се две малолетни лица поради незастанување на даден знак „Стоп“ и возење без возачка дозвола. Четири лица се лишени од слобода откако кај нив биле пронајдени наркотични средства.

Во соработка со инспектори за животна средина, беше извршено мерење на јачината на бучавата во угостителски објекти, при што два објекти во централното градско подрачје беа санкционирани за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика. На овие објекти им се изготвени записници за констатираните прекршоци.

- Advertisement -
Ad image

Покрај тоа, во текот на вечерта беше извршена и контрола на угостителски објекти во координација со Државниот пазарен инспекторат, при што се провери документацијата на објектите.

Полицијата најавува дека ваквите контроли ќе продолжат со цел зголемување на безбедноста и редот во главниот град.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation