Полицајци добија кривична пријава за малтретирање

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицајци добија кривични пријави откако неовластено влегле во домот на пријавено лице, соопшти полицијата.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, против М.Т., С.Р., и Ф.Ѓ., полициски службеници од ПС Аеродром при СВР Скопје, поднесе кривична пријава за кривично дело Малтретирање во вршење на службата, по член 143 од КЗ и за кривично дело Нарушување на неповредливоста на домот, по член 145 став 2 од КЗ“, соопшти полицијата.

Првопријавениот М.Т. и второпријавениот С.Р. на 24.2.2025 пред влезната врата од станот сопственост на лице од Скопје, го известиле дека се дојдени да извршат службен разговор во врска со поднесена поплака од неговата сопруга, се вели во соопштението.

 

„Но, тој не им дозволил да влезат, бидејќи немале налог од суд за влез во неговиот дом. Потоа М.Т. неовластено влегол во домот и насилно почнал да го влече оштетениот, го удирал по ногата и се обидел да го лиши од слобода, при што дејствијата ги преземал пред малолетниот син на оштетениот. Со тоа М.Т. сторил две кривични дела, Малтретирање во вршење на службата и Нарушување на неповредливоста на домот. Второпријавениот С.Р. заедно со третопријавениот Ф.Ѓ. го сториле кривично дело Нарушување на неповредливоста на домот“, соопшти полицијата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници М.Т., С.Р. и Ф.Ѓ. поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и за  отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Share This Article