“Политичка математика: Коалиција што вреди = 0”

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во земјата на чудата наречена политика, математиката функционира поинаку. Кога ќе се соберат два негативни броја, наместо да се добие поголем негативен број, одеднаш имаме “коалиција што вреди”. Но за само десет месеци се покажа дека таа вредност била временски ограничена – како јогурт со истечен рок.
Експертите за политичка хемија тврдат дека се работи за нова агрегатна состојба на политичката материја. Почнува како цврста заклетва, се претвора во течна магла, за на крајот да испари како ветување пред избори.
Надворешни набљудувачи забележаа необичен феномен: Непријателите од вчера се ракуваат на тајни средби, а сојузниците од утрото не си зборуваат попладне. Јавно се караат, а приватно си шепотат “бизнис планови”.
Нашиот истакнат член, кој вчера се колнеше во вечна верност, денес “се самоисклучил” – прв случај на политичка самоисклучивост во историјата на медицината! Дијагнозата: акутен двомесечен контакт со “политичкиот вирус” од спротивната страна.
Граѓаните, кои веќе одамна страдаат од хронична политичка алергија, само кивнаа колективно и продолжија по својот пат, мрморејќи под нос: “Нова епизода, иста серија”

С.Д.

Share This Article