Топ Вести - Слушај сега
Со пристигнувањето на првите пратки цевки од реномираниот европски производител „Corinth pipeworks“, изградбата на гасниот интерконектор влегува во нова, значајна фаза на теренска реализација, информира АД за вршење на енергетски дејности „Номагас“.
„Овој чекор означува почеток на поинтензивни градежни активности за еден од најзначајните капитални проекти во државата. Изведбата на ваков стратешки инфраструктурен зафат подразбира сложени и повеќеслојни процеси кои вклучуваат тесна координација со сите надлежни државни и локални институции, целосно усогласување со законските процедури и меѓународните регулативи, бескомпромисно почитување на највисоките стандарди за безбедност при работа, како и заштита на животната средина и зачувување на културното наследство по должината на трасата“, соопшти државната компанија.
Овој проект не е само инфраструктурен зафат, туку столб на идната енергетска независност, се додава во соопштенито.
„Номагас останува целосно посветена на транспарентна соработка и ефикасна реализација во предвидените рокови“, велат од менаџментот на компанијата.
Изградбата на интерконекторот со Грција има стратешко значење за енергетската стабилност на Македонија и на регионот. Со неговото ставање во функција, државата обезбедува диверзификација на изворите на снабдување со природен гас, поголема конкурентност на пазарот и долгорочна енергетска одржливост за индустријата и граѓаните, се додава во соопштението од „Номагас“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖