Топ Вести - Слушај сега
Иран во текот на ноќта нападна цели во Ирак, Бахреин и Оман, при што беа предизвикани пожари на повеќе енергетски постројки и пристаништа во регионот.
Во Ирак се запалени два танкера во близина на јужното пристаниште Басра, поради што целосно е запрена работата на сите ирачките нафтени терминали.
Во Бахреин изби голем пожар откако иранските сили погодија резервоари за нафта и гориво во близина на меѓународниот аеродром.
Оман по вчерашниот напад врз пристаништето Салалах нареди евакуација на бродовите од терминалот за извоз на нафта.
Остатоци од соборен ирански дрон уништија шест далноводи во Кувајт поради што во неколку области е прекинато снабдувањето со електрична енергија, соопшти кувајтското Министерство за електрична енергија. Во соопштението од Министерството се наведува дека е под контрола ситуацијата со електричната енергија и водата во земјата.
Неидентификуван дрон синоќа оштети луксузен облакодер во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. Во инцидентот никој не е повреден.
Во меѓувреме, Израел повторно нападна цели во Иран, а во Бејрут гаѓаше цели на Хезболах.
Претходно, Иранската револуционерна гарда потврди дека извршила координиран напад со Хезболах врз северен Израел. Тоа е прва заедничка операција против Израел од почетокот на тековната војна.
Tagged as:
Погодени се два танкери во пристаништето Басра
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
