Топ Вести - Слушај сега
Охрид – Во магичната подводна атмосфера на Охридското Езеро, Клубот за подводни дејности Охрид ја постави традиционалната подводна елка која го воодушевува градот во овој празничен период.
Иницијативата, којашто веќе станува препознатлив симбол на празничната атмосфера во Охрид, ја реализира член на Клубот за подводни дејности Охрид, кој со професионализам ја осветли, постави и фотографираше подводната елка. Неговите импресивни фотографии ја донесуваат празничната магија од длабочините на езерото до сите жители и гости на градот.
Традиционално чистење на езерото и обезбедување на Водици
Клубот за подводни дејности Охрид и оваа година останува верен на својата еколошка мисија. На 17 јануари 2026 година во 11 часот, на истата локација каде што е поставена подводната елка, ќе биде извршено традиционалното чистење на дното на езерото во пресрет на големиот празник Богојавление-Водици.
Кулминацијата на оваа активност ќе биде на самиот ден на празникот, 19 јануари 2026 година, кога околу 15 професионални нуркачи од Клубот ќе го обезбедуваат целиот настан, гарантирајќи безбедност и достоинствено одржување на оваа традиционална манифестација.
Срекни празници, Охриде!
Со овие активности, Клубот за подводни дејности Охрид уште еднаш го потврдува својот ангажман кон зачувувањето на Охридското Езеро и неговите традиции, спојувајќи ја празничната радост со грижата за животната средина.
Срекни празници им посакува Клубот за подводни дејности Охрид на сите граѓани и гости на градот!
С.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
