Рано утринава во 1.50 часот е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Дебар на 80 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.0 степени, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дебар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.