Background

Почина српскиот режисер Мирослав Мика Алексиќ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Српскиот режисер Мирослав Мика Алексиќ почина вчера, 18 јануари, во Белград, на 73-годишна возраст. Против Алексиќ во изминатите години се водеше кривична постапка поради сомнение за силување и сексуално злоставување на неколку ученички во неговата школа за глума, случај кој предизвика силни реакции во јавноста и отвори поширока дебата за злоупотребите во културниот и образовниот сектор. Судскиот процес беше во тек во моментот на неговата смрт, а пресуда не беше донесена.

- Advertisement -
Ad image

Во последниот период, судењата беа повеќепати одложувани поради неговата тешка здравствена состојба. Неговиот бранител информираше дека здравјето значително му се влошило, дека немал сила да зборува и дека комуникацијата со адвокатите се одвивала преку неговата сопруга.

Првата пријава против Алексиќ ја поднесе актерката Милена Радуловиќ, по што истото го направи и нејзината колешка Ива Илинчиќ. По нивните искази, на полицијата и обвинителството им се јавија и други девојки. Алексиќ беше уапсен во јануари 2021 година и околу осум месеци помина во притвор, по што му беше определен куќен притвор со електронски надзор. Во март 2022 година и таа мерка беше укината и тој се бранеше од слобода.

Веста за смртта на Алексиќ, предизвика студени реакции во Србија. Додека дел од јавноста молчи, познатиот водител Воја Недељковиќ реши отворено да проговори за човекот кој од „недопирлив гуру“ на српското актерство се претвори во симбол на најтешки обвинувања.

Познатиот водител без влакна на јазикот го опиша контроверзниот учител по глума со зборовите „Беше арогантен, агресивен и гледаше со висина на сите околу себе“.

Водителот откри дека го запознал Алексиќ пред три децении, но дека тој тогаш не оставил никаков позитивен впечаток, туку напротив, делувал надмено и гледал на околината со потсмев. Недељковиќ истакна дека со години слушал поплаки од родители за неговата непотребна агресија и престроги методи во неговиот драмски курс.

Мирослав Мика Алексиќ дипломирал филмска режија на Факултетот за драмски уметности, а од 1980 година бил уметнички раководител на Драмското студио на телевизија Белград, односно радио-телевизија Србија. Во текот на кариерата режирал документарни филмови, радиодрами, телевизиски емисии и серии, како и играни и телевизиски филмови, а важеше и за еден од највлијателните драмски педагози, кај кого своите први чекори ги направиле бројни истакнати актери од српската сцена. Неговиот авторитет беше апсолутен, а секој негов збор се почитуваше како закон, сè додека првите обвинувања не ја скршија тишината што траеше со години.

Иако неговата смрт ги прекина понатамошните рочишта и со тоа процесот остана без официјална правна завршница, сведоштвата на жртвите оставија траен печат врз неговиот имиџ. За неговите колеги, Мика Алексиќ веќе не е човекот кој ги создаваше глумците, туку предатор кој ги уништувал детските соништа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation