Почина истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков, соопшти денеска Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Мижимаков зад себе остави обемна биографија богата со професионални успеси.
Работел на продукции на повеќе македонски филмови како „Среќна Нова”, „Преку Езерото”, „Џипси Меџик”, „Миротворец”, „Татко (Колнати сме Ирина)”, „Најдолгиот пат”, „Исправи се Делфина”, „Црвениот коњ”, „Тајната книга“ и други.
Студирал на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград и работел на копродукции во Македонија и во Југославија. Во 1991 година ја основа приватната продукциска куќа „Пегаз“.
„Филмот ни даде повеќе нам, отколку ние него. Ни даде сѐ. Работејќи и патувајќи низ светот, запознавме луѓе за кои не сме можеле ни да замислиме. Кога би бирал пак во животов, пак би работел во филмот“, велат од ДФРМ простувајќи се од својот колега.