Маринко Колнаго, басистот и еден од основачите на легендарните Нови фосили, почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување.
„Драги наши, со голема тага соопштуваме дека нашиот добар дух Фосила, нашиот драг Маринко не напушти. Бескрајно ќе ни недостига. Маринко, засекогаш си во нашите срца“, напишаа од групата Нови Фосили на Фејсбук.