Почина Ивана Ковачевиќ, сопругата на основачот на фестивалот Егзит, Душан Ковачевиќ.
Ивана почина на 44-годишна возраст по борбата со тешка болест.
„Засекогаш нашата најсјајна ѕвезда. Постојат луѓе кои не само што оставаат трага – тие стануваат светлината што ја следиме. Ивана е токму тоа. Еден од столбовите на семејството Егзит, инспирација… Со својата насмевка, енергија и огромна љубов, и кон нејзиното семејство и кон секој член на оваа голема заедница на Егзи, таа беше повеќе од дел од тимот – нејзината душа ја одразуваше суштината на сè што правиме и кои сме“, се вели во соопштението на тимот на Егзит.
Ивана Ковачевиќ доби два сина и една ќерка во бракот со Душан.
Минатата година на Ивана ѝ бил дијагностициран сериозен здравствен проблем, поради што започнала со лекување. Ивана била позната по својата неуморна животна енергија со која ги плени и инспирирала сите околу неа.