Background

Почина Габи Новак

Габи Новак е родена на 8 јули 1936 година во Берлин, како ќерка на Хваранецот Ѓуро Новак и Германката Елизабет Рајман. Детството го поминала во Берлин и на Хвар, а подоцна се преселила во Загреб, каде што завршила Школа за применета уметност, насока графика. Кратко време работела како цртачка во Загреб филм, во студиото за цртани филмови.

Почнала да настапува кон крајот на 1950-тите, а нејзиниот препознатлив глас набрзо ја направил една од најомилените пејачки на југословенската музичка сцена. Нејзиниот репертоар вклучувал поп и џез, а веќе во текот на 1960-тите години стекнала голема популарност и признанија од критиката.

За време на нејзината богата кариера, таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со бројни награди, вклучувајќи неколку награди Порин – во 2002 година за најдобра џез изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година го доби и Порин за животно дело.

- Advertisement -
Ad image

Била во брак со композиторот Стипица Калоѓера, а по нивниот развод во 1970 година, во 1973 година се омажила за кантавторот Арсен Дедиќ, кој беше нејзин сопруг и уметнички соработник до неговата смрт во 2015 година. Во бракот им се роди синот, Матија Дедиќ, истакнат џез пијанист, кој почина неочекувано во јуни, на 52 години.

Габи Новак често е нарекувана прва дама на хрватската поп музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

Својата последна песна, насловена како „Почетак“, Габи ја сними со својот син Матија и со Данијела Мартиновиќ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation