Победата на неодамна одржаниот српски музички натпревар „Песна за Евровизија“ ја освои пејачот Стефан Здравковиќ, познат како Принцот од Врање, кој со песната „Мила“ ќе ја претставува Србија во Базел на претстојната „Евровизија 2025“.
Оттогаш, за Принц почнаа да кружат разни озборувања, некои вистинити, некои измислени. Така на социјалната мрежа Икс се појавија шокантни пораки за кои тврдат дека Принцот наводно ги праќал и тоа на помлади девојчиња, пишува српски „Телеграф“.
„Колку години имаш?“
„17“
„Аууу“
„Знам“
„На која возраст си?“
„06“
„Лелеее“
Не само Србите, туку и странците почнаа да го напаѓаат пејачот и да го обвинуваат за наводна педофилија. На социјалните мрежи се споделуваат шокантни објави на негова сметка.
По тој повод, од српски „Телеграф“ го контактирале српскиот претставник на Евровизија, Принцот, за да ја проверат вистината и да го слушнат неговото мислење.
Пејачот им рекол дека се работи за местенка и дека разбира дека на некои не им се допаѓа тоа што тој ќе ја претставува Србија на Евровизија, но и дека сето тоа отишло предалеку.
– Прифаќам дека на некои луѓе не им се допаѓа да ја претставувам Србија на Евровизија, но не прифаќам ваков вид на сајбер криминал. Случајот е пријавен во Одделот за високотехнолошки криминал. Тие се многу успешни во решавањето на ваквите работи – изјавил Принц за српски „Телеграф“.