Топ Вести - Слушај сега
Претседалот на САД Доналд Трамп сериозно размислува за повлекување на одреден број агенти за имиграција од Минесота, по разговор со гувернерот на Минесота.
Гувернерот Тим Волц откри дека Трамп му рекол дека ќе размисли за оваа одлука со цел да ги намали тензиите меѓу граѓаните и федералните служби поради смртта на медицинскиот техничар Алекс Прети. Случајот со Прети е второ застрелување поврзано со агенти од Службата за имиграција кое ја разгневи американската јавност.
Верзиите за инцидентот се спротивставени: федералните власти тврдат дека Прети имал оружје и дека се стрелало во самоодбрана, додека бројни видеа и сведоци тврдат дека тој не мавтал со оружје и дека бил убиен додека помагал на други протестанти.
Гувернерот на Минесота јавно ги повика федералните власти да ги повлечат агентите и да стави крај на насилството, нагласувајќи дека можат да „го стопат ова денес“ со повлекување на агентите и да спроведат хумано, фокусирано спроведување на имиграциските закони.
Трамп, пак, на својата мрежа Truth Social напиша дека со Волц биле „на слична бранова должина“.
„Гувернерот Тим Волц ми се јави за да ми предложи да работиме заедно во Минесота. Беше многу добар разговор и се чинеше дека сме на иста страна“, напиша Трамп, додавајќи дека ќе го вклучи и Том Хоман во понатамошната координација.
Белата куќа соопшти дека Трамп не сака да гледа луѓе повредени или убиени на улиците на САД.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја обвини локалната власт на демократите за, како што вели отпорот и хаосот против Службата за имиграција и го бранеше упорноста на федералните сили во примената на имиграциските закони.
– Да бидам јасна во врска со околностите што доведоа до овој момент во саботата. Оваа трагедија се случи како резултат на намерен и непријателски отпор од страна на лидерите во Демократската партија на Минесота во текот на неколку недели – изјави портпаролката.
Белата куќа упати три барања до Минесота – да им ги предаде на федералните власти сите нелегални имигранти затворени за кривични дела, како и оние со налози или криминални досиеја; локалната полиција да ги предаде сите уапсени нелегални имигранти на федералните власти и терто, локалните сили активно да им помагаат на федералните органи за спроведување на законот во апсењата и депортациите, особено на насилните престапници.
Гувернерот Волц и други демократски лидери жестоко се спротивставија на операцијата на Трамп, опишувајќи ја како неправедна и штетна за јавната безбедност.
Во јавноста расте притисокот за истрага и повлекување на федералните сили, со поддршка од поранешни политички фигури, активисти и делови од јавноста кои побарале поголема транспарентност и одговорност од федералните власти.
Трамп минатиот месец го обвини Волц за некомпетентност затоа што не успеал да го спречи скандалот со социјална помош во Минесота.
Трамп претходно изјави дека ќе го испрати Том Хоман, службеникот на Белата куќа задолжен за имиграцијата, да работи со локалните власти откако агентите за имиграција го убија 37-годишниот Алекс Прети за време на судирите со демонстрантите во Минеаполис во саботата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
