По сударот на два воза што се случи вчера попладне во близина на градот Пезинок во Словачка, најмалку 79 лица завршија во болници, а во најтешка состојба се 3 лица со повреди на градниот кош и на стомакот, соопшти денеска Словачкиот центар за итни медицински операции.
Судирот на возовите REX 1814, кој сообраќал од Нитра до Братислава, и Ex 620, кој сообраќал на линијата Кошице0Братислава, се случи вчера околу 19.30 часот, кога еден од возовите поминал на црвено светло.
Во двата воза имало вкупно 800 патници, претежно студенти.
– Петнаесет амбулантни возила интервенирале на лице место, а 79 пациенти се пренесени во болници. По првичната помош, тие се пренесени во болниците во Крамер и во Ружинов во Братислава. Сите се свесни – соопшти Одделот за итни случаи.
Полицијата потврди дека немало жртви во несреќата. Двајцата машиновозачи се тестирани за алкохол и за дрога, а резултатите биле негативни.
Директорот на Словачките железници, Иван Беднарик, изјави дека мора да ги почекаат резултатите од истрагата и дека сè уште не е јасно дали станува збор за техничка или човечка грешка.
По железничката несреќа на делницата Пезинок-Свати Јур, сообраќајот беше целосно прекинат околу 3 часа, а од утрово неколку железнички линии доцнат помеѓу 30 и 50 минути.
Словачкиот премиер Роберт Фицо им посака на повредените брзо закрепнување. Нагласи дека случајот бара темелна истрага.
Фицо, исто така, свика вонредна владина седница на која, како што рече, треба да се донесат потребните одлуки.
Ова е втор судар на возови во Словачка за еден месец.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖