По скандалот со Трамп, под лупа известувањето на БИ-БИ-СИ и за други теми

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската радиодифузна корпорација БИ-БИ-СИ покрена внатрешна истрага за начинот на кој известува за климатските промени и енергетската политика, по низата контроверзии и обвиненија за неточности и пристрасност.

Весникот „Телеграф“ објави дека Комитетот за уредувачки насоки и стандарди на БИ-БИ-СИ ќе спроведе „тематски преглед“ на известувањето за овие теми, откако корпорацијата морала да направи повеќе корекции и дури да повлече неколку програми.
До истрагата доаѓа по објавување на протечено писмо до управниот одбор на БИ-БИ-СИ , кое го испратил Мајкл Прескот (Michael Prescott), поранешен советник за стандарди. Во писмото тој изразил „очај поради неактивноста“ на раководството во однос на „широко распространетите докази за искривено известување“.

Минатата година БИ-БИ-СИ мораше да признае грешка кога во една статија беше претставено како факт тврдењето дека истражувањата покажале дека „неодамнешното екстремно покачување на температурите во југозападот на САД, Мексико и Централна Америка се околу 35 пати поверојатно предизвикани од човечкиот фактор“. Во 2022 година, уредникот за климатски промени Џастин Роулат беше обвинет дека во документарецот „Панорама“ изнел погрешни тврдења за екстремните временски појави, а во 2020 година судот ја прифати жалбата на британското здружение на фармери против документарецот „Месото- закана за нашата планета?“ кој потоа беше отстранет од платформата БИ-БИ-СИ

Истрагата е дел од планот од 10 точки за непристрасност што БИ-БИ-СИ го воведе во 2021 година по големиот скандал со интервјуто на Мартин Башир со принцезата Дајана. Планот предвидува редовни ревизии на уредувачката политика и посебни проверки за теми со политичка или научна чувствителност.

Новата ревизија доаѓа во период кога БИ-БИ-СИ повторно е под лупа – овојпат поради монтажата на интервју со Доналд Трамп во документарната програма „Панорама – Трамп, втора шанса“, емитувана во октомври 2024 година. Во епизодата, делови од говорот на Трамп од 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот, биле споени од различни делови на говорот, создавајќи впечаток дека тој директно ги поттикнал немирите. „Телеграф“ и други медиуми објавија дека клиповите се монтирани така што да изгледа како Трамп да повикува на насилство, иако во оригиналниот говор речениците не биле во истиот редослед.
Поранешниот советник Прескот, во истото писмо до одборот на БИ-БИ-СИ , го нарекол тоа „комплетно манипулирање со гледачите“, додавајќи дека таквата монтажа го нарушува принципот на уредничка чесност. По аферата, Комитетот за култура, медиуми и спорт во британскиот парламент побара објаснување од корпорацијата, а неколку уредници поднесоа оставки.

Share This Article