По пожар во стан, 6 возрасни и едно дете поради зашеметеност од чад и болки во градите вчера биле пренесени на Универзитетска клиника за токсикологија.
Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, вчера во 16.30 часот по пријава за пожар во стан на булевар Кочо Рацин на втор кат, во Скопје, полициски службеници од ПСОН-Центар на местото констатирале дека од засега непознати причини настанал пожар во станот.
Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје го изгаснала пожарот во 17.00 часот.