По неодамнешниот развод со Џенифер Лопез, Бен Афлек наводно се фрлил око на познатата актерка Џесика Алба, која исто така неодамна се раздели по 17 години брак.
Извори за странските медиуми изјавија дека Бен долго време бил вљубен во Алба.
„Добро чувана тајна е дека Бен Афлек бил вљубен во Џесика Алба пред многу години“, рекле тие и додале: „Тој се заинтересиран за неа речиси 20 години. Меѓутоа, нивните патишта никогаш не се вкрстиле. Сè досега. Тие имаат силна поврзаност и секогаш кога поминувале време заедно во минатото, хемијата меѓу нив се разбранувала“.
„Бидејќи и двајцата сега се сингл и нивните деца се пораснати, изгледа дека е совршено време нивната врска да процвета“, заклучил изворот.
Разводот на Бен Афлек и Џенифер Лопез се случи пред повеќе од шест месеци, а оттогаш Афлек беше поврзуван со Кик Кенеди, ќерката на Роберт Кенеди помладиот, но таа гласина брзо беше демантирана.
Исто така, во средината на јануари, Џесика Алба го потврди разводот од Кеш Ворен по речиси 17 години брак. Една недела откако се појавија информации за нивната разделба и можен развод, актерката ја потврди веста на социјалните мрежи.
„Со години сум на пат на себеоткривање и трансформација – и како поединец и во партнерство со Кеш“, ја започна својата објава на Инстаграм.
„Горда сум на начинот на кој растевме во нашиот брак во изминатите 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Одиме понатаму со љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе останеме семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и молиме приватност во овој момент“, порача таа.