Background

По иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи во просек за 8%

По иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи во просек за 8%. Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА.

Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината цел е да ги убеди трговските синџири да го намалат својот просечен профит кај овие производи во полза на општеството, а особено на ранливите групи.

Телевизијата Скај прецизира дека намалувањето опфаќа 2.180 производи, од кои 1.074 се прехранбени производи, а 1.106 се од други категории. Од вкупниот број, 1.356 се сопствени брендови на синџирите, додека 824 се брендови на други компании. Намалените производи опфаќаат околу 10% од вкупниот асортиман во супермаркетите.

- Advertisement -
Ad image

Новинарот Никос Филипидис за Скај соопшти дека намалувањето на цените ќе започне да биде видливо на рафтовите на продавниците кон крајот на седмицава. Овие производи ќе бидат специјално означени, а на етикетата ќе биде наведен и процентот на намалувањето. Целта на Владата е пониските цени да се задржат најмалку до крајот на годината.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation