Топ Вести - Слушај сега
По 40-годишен мораториум – Хрватска се свртува кон нуклеарните централи и планира една третина од потребната енергија на земјата да биде нуклеарна до 2040 година.
Деновиве на јавна расправа е предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, подготвен од работна група составена од голем број експерти во областа што се смета да прв сериозен правен чекор во долгиот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа. По гласањето во Парламентот, ќе започне формирањето на агенција за нуклеарна енергија за цивилни цели.
Доколку ги помине сите филтри првата нуклеарна централа на хрватска почва би можела да никне во следните 10-15 години.
Во последните месеци, министерот за економија Анте Шушњар често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови.
Според експертите, Хрватска има три опции – да изгради сопствена нуклеарна централа, да се потпре на серија мали нуклеарни реактори или да изгради втор блок од нуклеарната централа Кршко со Словенија.
Некои експерти веруваат дека малите нуклеарни реактори би можеле да бидат решение. Како потенцијални локации, најчесто се слушаат две кои се разгледувале претходно, имено Тања кај Ердут и Превлака кај Иваниќ-Град.
Според хрватските медиуми, одлуката дали Хрватска ќе се одлучи за изградба на вториот блок од СЕ Кршко ќе ја донесе политиката.
Во меѓувреме, хрватскиот парламент веќе донесе одлука дека на Трговска Гора, веднаш до границата со Босна и Херцеговина, ќе се градат објекти за отстранување на нуклеарен и индустриски отпад.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
