Мировните преговори меѓу САД и Иран во главниот град на Пакистан пропаднаа по 21 час разговори, објавија двете страни преку разни соопштенија.
Потврдувајќи го крајот на разговорите, Иран го обвини нивниот неуспех за „неразумните барања“ од САД. Бакаи ја наведе „сложеноста на прашањата и условите на преговорите“.
– Додадени се нови теми за време на оваа рунда, вклучувајќи го Ормускиот Теснец и регионалните прашања, секое со свои специфични услови и размислувања – додаде тој.
Иран не брза да преговара, а ситуацијата во Ормускиот Теснец нема да се промени сè додека САД не се согласат на „разумен договор“, изјави „информиран извор“ за полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, објави Ројтерс.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс информираше дека Вашингтон и Техеран не постигнале договор бидејќи, како што вели, бидејќи Иран не ги прифатил условите поставени од Вашингтон, вклучително и откажувањето од производство на нуклеарно оружје.
– Лошата вест е што не постигнавме договор и мислам дека тоа е многу полоша вест за Иран отколку за Соединетите Американски Држави – изјави Венс.
Toj вели „се враќаме во САД без договор“.
– Кажавме многу јасно кои се нашите црвени линии. Тој додаде дека во текот на преговорите шестпати разговарал со претседателот Доналд Трамп.
Клучен спорен момент е контролата врз Ормускиот Теснец. Иран инсистира на контрола и воведување транзитни такси, додека САД бараат слободна и безбедна пловидба без такси. Вашингтон, исто така, бара Иран да предаде над 400 килограми високо збогатен уран, да ја прекине нуклеарната програма и да прифати ограничувања за балистичките ракети.
Техеран, пак, бара ослободување на замрзнатите средства, исплата на репарации за воените штети, укинување на сите санкции, гаранции за ненапаѓање и повлекување на американските сили од Блискиот Исток.
Паралелно со преговорите, американската војска соопшти дека „подготвува услови“ за почеток на операции за разминирање на Ормускиот Теснец. Според САД, два американски воени брода поминале низ Теснецот, додека иранските државни медиуми го демантираа тоа. Пред почетокот на разговорите, висок ирански извор тврдеше дека САД се согласиле да ги ослободат замрзнатите ирански средства во Катар, но американски претставник го демантираше тоа.
Агенциите Тасним и Фарс јавија дека токму спорот за теснината го спречил напредокот, при што иранската делегација инсистирала на „зачувување на воените постигнувања“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
