Background

Плажа во Англија исчезна под покривка од помфрит и кромид, откако бродски контејнер на почетокот на овој месец изгубил дел од товарот, а тој потоа од брановите бил исфрлен на брегот

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Плажа во Англија исчезна под покривка од помфрит и кромид, откако бродски контејнер на почетокот на овој месец изгубил дел од товарот, а тој потоа од брановите бил исфрлен на брегот, јавија британски медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Акцијата за чистење започна во вторникот долж брегот на Источен Сасекс, во југоисточна Англија, откако контејнери од два товарни брода завршиле во морето за време на бури кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, соопшти локалниот окружен совет.

Жителот на туристичкото место Истборн, Џоел Боничи, изјави за Си-Ен-Ен дека кромидот почнал да се појавува на брегот во средата минатата недела, а некои жители отишле да помогнат во собирањето на пластичните кеси во кои бил спакуван.

Боничи раскажа дека тој и неговата партнерка Триша во саботата планинареле за да ги видат фоките кај Фолинг Сендс.

– Како и сите што помагаа, по пат ги собиравме преостанатите вреќи со кромид. Не очекувавме дека зад аголот ќе видиме нова сцена: помфрит и кеси со чипс што се протегаат по плажата кон светилникот. Од далечина ќе помислевте дека плажата е покриена со жолт песок каков што би виделе на тропски остров – рече Боничи.

Двајцата решиле да помогнат во расчистување на плажата.

– Веднаш и двајцата решивме дека пешачењето завршува и дека ќе ги поминеме следните неколку часа чистејќи што е можно повеќе кеси, сè додека не се стемни премногу за да продолжиме. И други семејства го правеа истото и беше убаво да се види како луѓето се здружуваат за животната средина“, додаде тој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation