Топ Вести - Слушај сега
Кремљ денеска предупреди дека планот на владата на Финска да ја укине целосната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија би можел дополнително да ги зголеми тензиите во Европа и да предизвика одговор од Русија.
Финска, која има долга заедничка граница со Русија, за време на Студената војна водеше политика на неутралност, но во 2023 година се приклучи на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина.
Владата во Хелсинки вчера соопшти дека размислува за укинување на долгогодишната забрана за распоредување нуклеарно оружје на своја територија во време на војна.
– Оваа изјава води кон ескалација на тензиите на европскиот континент. Таа ја зголемува ранливоста на Финска – ранливост предизвикана од постапките на финските власти. Со практичното распоредување нуклеарно оружје на своја територија, Финска почнува да ни се заканува. А ако Финска ни се заканува, ние преземаме соодветни мерки – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
