Питер Џу од Данска е новиот шеф на Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК).
Ова беше објавено денес од мисијата, наведувајќи дека Питер Џу е назначен од генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.
Тој ја замени специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН и шеф на УНМИК, Каролина Зијаде, која ја презеде оваа функција на 19 ноември 2021 година, пишува Косев.
Гутереш, како што е наведено, ѝ е благодарен на Зијаде за нејзините посветени напори за промовирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот, како и за ефикасното водство на Мисијата.
Кој е Питер Џу
Џу, како што е наведено, на оваа позиција носи 30 години богато искуство во областа на меѓународниот мир и безбедност.
Од 2019 година, тој е директор за Азија и Пацификот во Одделите за политички прашања и за операции за градење и одржување на мирот. Претходно беше директор за Азија, Блискиот Исток, Европа и Латинска Америка во Одделот за мировни операции (2015–2019).
Се вели дека работел и како претставник на генералниот секретар и шеф на канцеларијата на Обединетите нации во Белград (2013–2015) и бил службеник за политички прашања во УНМИК во Приштина.
Во Њујорк, тој работел и како шеф на канцеларија/специјален помошник на помошникот генерален секретар за мировни операции (2009–2013), лидер на тим за Западна Африка (2008–2009) и лидер на тим за Европа и Латинска Америка (2008). Покрај неговиот ангажман во Обединетите нации, Дју работел и во Министерството за надворешни работи на Данска, во Копенхаген и Еритреја.
Има диплома и магистратура по филозофија, политика и економија од Универзитетот во Оксфорд, Обединето Кралство; магистер по меѓународни односи од Институтот за меѓународни студии во Женева, Швајцарија; и магистер по општествени науки и филозофија од Универзитетот во Копенхаген, Данска.
Покрај неговиот мајчин дански, зборува англиски, француски и германски јазик.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖