Драго наше непознато политичарче,
Доста замајувања, доста спинувања, доста дефокусикации со АНБ и АР! Ајде сега да се допишуваме за нешто поконкретно – за економските достигнувања, за проектите, за она што вие навистина го направивте за оваа една година.
Доста веќе лаги дека сме 4-ти по БДП, 1-ви во развој на туризам, 3-ти во Европа по инвестиции. Статистиките ви се убави како вештачки цвеќиња – и тие изгледаат реални, но не мирисаат.
Ама, драго политичарче, ако навистина е сето тоа така – објаснете ми една работа: што мајка му бараат нашите деца непознато политичарче да бараат живот во европските земји? Зошто се редат на германските амбасади како за концерт на Мадона? Зошто европјаните на олку силни економски показатели не доваѓаат во Македонија да живеат и работат?
Можеби имаме најбрз растеж во туризмот, ама туристите доаѓаат, фотографираат, и бегаат. Можеби сме магнет за инвестиции, ама работниците добиваат плати со кои едвај стигнуваат до 15-то во месецот.
Знаете што, драго политичарче? Статистиките се како фустанот на кралицата од “Кралот е гол” – сите велат дека е убав, ама народот вели дека е голичка.
Па затоа, наместо да не убедувате дека живееме во економско чудо, подобро направете нешто да не мора да објаснуваме зошто на 4-тото место по БДП во регионот, децата ни мечтаат за Германија, а не за Гевгелија,Охрид,Струга,Тетово..
Со иронична почит, Еден загрижен граѓанин кој чита статистики, ама плаќа сметки
P.S. Следниот пат кога ќе кажувате дека сме економски тигар, спомнете и дека тигрите се загрозени вид.