Background

Пијана патничка била агресивна и вулгарна за време на летот

Инцидент се случи за време на летот од американскиот град Сан Франциско до Нади, главниот остров Фиџи. Две стјуардеси на Фиџи Ервејс минатата сабота ја залепиле устата на лута патничка, која, како што рекле патниците, била пијана и кажувала вулгарни работи.

Некои патници го снимиле целиот инцидент на своите мобилни телефони и снимката ја објавиле на социјалните мрежи. На снимката се гледа решителната интервенција на стјуардесата за смирување на 69-годишната патничка, вклучувајќи го и моментот кога ѝ ја затвораат устата со селотејп.

Агресивната патничка била пречекана од локалната полиција во Нади по слетувањето и била уапсена. Патниците рекле дека персоналот на летот бил „принуден да држи жена која се жалела и да ѝ ја залепи устата“ бидејќи таа кажувала „расистички и вулгарни“ работи, објави Њујорк пост.

- Advertisement -
Ad image

Еден патник објаснил дека ситуацијата ескалирала на половина пат од 11-часовниот лет, кога патничката наеднаш станала гласна. Нејзиниот сопруг потоа побарал од стјуардесата да седне на друго место, што стјуардесата му дозволила, а расправијата меѓу жената и екипажот започнала бидејќи стјуардесите одбиле да ѝ кажат каде седи нејзиниот сопруг.

Покрај вербалните напади, жената наводно ги навредувала стјуардесите, фрлала чаши кон нив, а едната ја удрила по рака. Ескалацијата на ситуацијата го принуди екипажот да преземе драстични мерки за да се осигура безбедноста на сите патници и да продолжи летот без дополнителни инциденти.

– Многу патници беа особено вознемирени од расистичките коментари на жената кон членовите на екипажот од Фиџи – се сеќава еден патник, додавајќи дека некои родители ги покриле ушите на своите деца.

– Бидејќи патничката не се смири, екипажот на крајот насилно ја однесе жената до задниот дел од авионот. Оттаму, таа продолжи да се однесува недолично во текот на остатокот од летот – раскажува сведокот.

Портпаролот на полицијата на Фиџи изјави дека жената била пијана и ги малтретирала другите патници. За нејзиното однесување е казнета со 500 долари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation