Пеце Мирчевски, ексдиректор на СОЗР, оди во притвор

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Владата на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и јавниот обвинител, донесе решение со кое:

– Се прифаќа предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот П. М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 1 и 2, односно опасност од бегство и можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците.

Воедно, прифатен е и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г. П. во согласност со чл. 146 ст. т. 1, 2, 3 и 6, односно одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува во судот, забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Share This Article