Background

Петрушевски: Без разрешување на истрошените и компромитирани членови на Судскиот совет, промените ќе останат само декларативни

Без разрешување на истрошените и компромитирани членови на Судскиот совет, промените ќе останат само декларативни, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Според него, тоа е неопходен прв чекор кон градење правна држава со повисока доверба кај граѓаните, а реформите мора да продолжат со суштински законски измени и со вклучување на експертската и меѓународната јавност.

– Јас се надевам и апелирам до Јавното обвиниелство да работи професионално и се надевам дека ќе работи професионално, затоа што ќе имаме и други механизми понатаму како да реагираме. Мислам дека е добро што премиерот и Владата, генерално власта одбра еден таков европски пристап, кој што не е својствен за нашите балкански простори. Не е како до сега, да се менуваат луѓе од првиот ден, туку напротив, оставивме простор да видиме што можат – изјави Петрушевски во гостување на ТВ Алфа.

- Advertisement -
Ad image

Петрушевски нагласи дека актуелната. власт ја почитува независноста на судскиот систем и не сака да се меша во неговата работа. Но, посочи дека членовите на Судскиот совет продолжуваат да работат без промени и покрај изгласаната интерпелација од Собранието.

– Ја почитуваме независноста на судскиот систем. Не сакаме да се мешаме во судскиот систем иако, изгласавме и негативен извештај и интерпелација на членовите на Судскиот совет кои што ги бира Собранието. Не може луѓе кои што го довеле судството на ова ниво од 2% доверба, можеби и помалку, да го менуваат и да го променат на подобро. Иако добија шанса, не ја искористија и мислам дека е редно време да бидат сменети – потенцираше Петрушевски.

Тој посочи дека иако беа најавени квалитетни идеи за реформи, во изминатите 10 месеци не е понудено ништо конкретно.

– Имавме можност да слушнеме и што и како размислуваат членовите на Судскиот совет. Премиерот излезе и рече дека ќе одиме со смена на Судскиот совет, меѓутоа оставаме простор за дебата, да слушнеме што мислат експертите, што мисли меѓународната јавност, што мисли опозицијата, што мислат и членовите на Судскиот совет, и секоја една идеја која што ќе биде добра која што ќе биде квалитетна која што ќе биде во насока на реформа на правосудниот систем ќе биде имплементирана. Десет месеци поминаа, не слушнавме таква идеја, што значи останува дека она нашето, дека тие луѓе треба да бидат разрешени – истакна Петрушевски.

Петрушевски додаде дека разрешувањето на актуелните членови на Судскиот совет не е единствен, но е неопходен прв чекор за вистински реформи во правосудството. Според него, овие кадри веќе го изгубиле кредибилитетот и ја потрошиле шансата што им била дадена.

Тој потенцираше и дека се потребни коренити промени, законски измени и вклучување на експертската и меѓународната јавност, за да се воспостави праведен и функционален судски систем.

– Она што мора да се направи, е да се тргнат прво тие луѓе, затоа што веќе се истрошени. Треба да дојдат нови луѓе на тие позиции, тоа е само еден предуслов за да тргне напред – заклучи Петрушевски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation