Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека значителен дел од Украина сака да биде руски и дека тоа одговара на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходниот ден рече дека Украина еден ден може да стане руска.
– Фактот дека значителен дел од Украина сака да стане руски и веќе стана руски е реалност – изјави Песков, мислејќи на анексиите на украинските територии во есента 2022 година.
Русија тогаш ги анектираше регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, откако организираше референдуми во тие конфликтни зони. Во 2014 година го анектира и полуостровот Крим.
– Луѓето кои и покрај бројните опасности чекаа на ред и гласаа за време на референдумот за приклучување кон Русија, тоа во голема мерка одговара на зборовите на Доналд Трамп од вчера – рече Песков.
Американскиот претседател вчера ја спомна можноста Украина „еден ден да стане руска“ и побара компензација за помошта што САД му ја дадоа на Киев.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
