Кремљ денеска ја критикуваше Европската унија за „конфронтирачка реторика“ на вонредниот самит на ЕУ во Брисел, каде што Унијата воспостави план за значително зајакнување на своите способности за одбрана од Русија.
– Гледаме дека ЕУ активно разговара за милитаризација, внимателно го следиме тој процес бидејќи ЕУ ја позиционира Русија како главен непријател – изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој рече дека „конфронтирачката реторика“ е спротивна на „потрагата по решение“ за војната во Украина.
– Тоа потенцијално може да биде предмет на наша длабока загриженост и може да предизвика потреба од преземање соодветни мерки за одмазда за да се обезбеди нашата безбедност – рече Песков.
На вчерашниот вонреден состанок во Брисел, ЕУ го поддржа планот на Европската комисија „Повторно вооружување на Европа“, кој има за цел да потроши 800 милијарди евра во време на неизвесност за односот на САД кон одбраната на Европа.