Топ Вести - Слушај сега
„Целта беше да се поткопаат напорите на претседателот Трамп за мирно решавање на украинскиот конфликт. Не гледам потреба од дополнителни докази“.
Вака изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, тврдејќи дека нападот врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Новгород на 29 декември бил успешно одбиен од руската воздушна одбрана.
Според Песков, станува збор за „терористички напад“, насочен не само кон рускиот претседател, туку и кон напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во мировниот процес.
Кремљ повторно ја вжешти дипломатската клима, откако соопшти дека беспилотни летала, наводно управувани од Украина, се обиделе да ја погодат резиденцијата на Владимир Путин во регионот Новгород.
Песков не прецизираше каде се наоѓал Путин во моментот на инцидентот, наведувајќи дека тоа не е тема за јавна дискусија. Украинските негирања, според него, се „апсурдни“, а западните медиуми „играат во корист на Киев“.
Од друга страна, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха остро реагираше. Тој оцени дека обвинувањата се „манипулација со јасна политичка цел“.
„Помина речиси еден ден, а Русија сè уште нема претставено никаков веродостоен доказ. Нема ни да претстави, бидејќи напад не постоел“, напиша Сибиха на мрежата Икс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така ги нарече обвинувањата лажни, предупредувајќи дека Москва создава изговор за нови удари врз Киев.
– Ако нема скандал меѓу Украина и САД и ако има напредок, тоа за Русија е неуспех. Тие не сакаат да ја завршат војната – рече Зеленски, најавувајќи зголемени безбедносни мерки во главниот град.
И покрај тврдењата, Кремљ нагласува дека не се откажува од мировниот дијалог.
– Русија ќе го продолжи процесот на преговори, првенствено со Американците – додаде Песков, но предупреди дека позицијата на Москва ќе стане „поостра“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖