Перински вели дека ќе се пренасочуваат пари од централниот буџет на локално ниво

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ресорот кој јас во моментов го предводам, во минатото беше ресор кој беше оставен на маргините на функционирањето на Владата и најчесто се користеше можеби за „поткусурување“ на коалицискиот капацитет и потенцијал на минатите влади, а третира една тематика која е суштинска за сите наши граѓани. Oва е ресорот кој треба да ги детерминира политиките кои се однесуваат на локален и регионален развој, соопшти денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински на панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“.

Тој информира дека е задоволен што изминатиот период успеале да ги пронајдат сите аномалии кои во минатото не се спроведувале.

– Минатата влада го имаше оставено ресорот без степен на развиеност на регионите, што на некој начин е и кршење закон. Така во 2024 година во Македонија ние немаме степен на развиеност на регионите и тоа детерминира други проблеми, со кои на некој начин се справивме. Веќе имаме степен на развиеност, кој се однесува на петгодишен период и врз основа на тие податоци можеме соодветно да алоцираме средства од централниот буџет на регионално ниво – рече министерот Перински.

Тој информира дека во моментов работат на тоа да најдат и да постават критериуми кои ќе го мерат степенот на развиеност на локално ниво. Како држава и ресор, како што рече, е поразително да не може да се имаат утврдени критериуми по кои ќе се мери задоволството на граѓаните од перформансите на еден градоначалник и врз основа на тоа да се знае која општина до кој степен е развиена.

Перински нагласи дека недоволното посветување внимание кон овој ресор неминовно ќе доведе до состојби во кои сега се наоѓаме, односно главна концентрација на жителите на Македонија во поголемите урбани центри, а иселување од помалите и од руралните средини.

– Поради сите овие работи кои во минатото не се спроведувале, како Влада се одлучивме интервентно да делуваме во насока на помош и поддршка на локално ниво преку потпрограмата А и преку прв и втор јавен повик. Кога ќе планирате да градите политики на рамномерен регионален развој не можете да кажете дека тие политики успешно ќе се спроведуваат доколку вам основата не ви е соодветно поставена – нагласи министерот за локална самоуправа.

Тој најави дека оваа интервентна програма ќе ги подобри состојбите во кои се наоѓаат локалните самоуправи.

Перински информира дека посетил многу општини, но некаде не бил примен од градоначалникот и затоа разговарал со Советот, советниците и со граѓаните.

– Од првиот јавен повик одбравме и потпишавме 288 договори наменети за инфраструктура. Во вториот јавен повик досега имаме 887 поднесени проекти и очекувам во следните десетина дена да ја затвориме постапката на евалуација преку ресорните министерства. Веднаш по ребалансот на буџетот ќе може да ги склучиме договорите за да влезат локалните самоуправи во нивна имплементација – рече Перински.

- Advertisement -
Ad image

Тој посочи дека во минатото со Националниот совет за рамномерен регионален развој координирал вицепремиер задолжен за економски прашања. Националиот совет за рамномерен регионален развој е тело кое е сублимат од сите нивоа на власт, од централна и локална власт, каде се носи одлуката во која насока ќе се инвестира. Сега со тоа тело раководи министерот за локална самоуправа што е значајна реформа.

– Покрај овие два јавни повика преку Програмата за рамномерен регионален развој, која ја спроведува Бирото за регионален развој, орган во состав на Министерството, доделивме 47 нови договори за 47 нови проекти за околу 116 милиони денари. Преку програмата за намалување диспаритети ќе доделиме 38 договори за 38 проекти во висина од 88 милиони денари. Се трудиме да ја приближиме општината до граѓаните – истакна Перински.

Тој додаде дека во моментов измените на Законот за локална самоуправа се во собраниска процедура и изрази надеж дека ќе биде поддржан од пратениците на СДСМ и на ДУИ.

- Advertisement -
Ad image

За кратко време ќе биде оперативен и Ресурсниот центар, а по локалните избори ќе им биде на располагање на локалните самоуправи.

Share This Article