Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно бил цел на неуспешен обид за атентат, но овој пат сценариото вклучувало поранешен воен пензионер од Полска, кој со децении останал лојален на советската идеологија и кој бил регрутиран уште во времето на СССР, објави шефот на украинската безбедносна служба.
Како што соопшти генерал-потполковник Васил Малјук, директор на украинската Служба за безбедност (СБУ), планот бил спречен благодарение на заедничка акција на СБУ и полската безбедносна агенција „ABW“. Деталите биле споделени на затворен брифинг за домашните медиуми.
Според Малјук, осомничениот требало да го ликвидира Зеленски на аеродромот Жешов-Јашонка во Полска – најверојатно со дрон опремен со камера или со снајперска пушка. Целата операција, која според СБУ е дело на Русија, била навреме разоткриена и осуетена.
Веста ја пренесоа повеќе меѓународни медиуми, вклучително и „TSN“, РБЦ и „Newsweek“. Се посочува дека осомничениот полски пензионер долги години го негува симпатиите кон советската идеологија и останал лојален на неа и по нејзиниот пад.
Ова е уште еден во низа обиди за ликвидација на украинскиот претседател од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.