Војската на САД развива планови за повлекување на сите американски војници од Сирија, објави американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон.
Медиумот јави дека Министерството за одбрана разгледува сценарија за повлекување на војниците од Сирија во рок од 30, 60 или 90 дена.
Во моментов, САД имаат до 2.000 војници распоредени во Сирија со наведена цел да го спречат повторното обновување на терористичката група ИД. Армијата соработува со курдските сили кои контролираат области во североисточниот дел на земјата.
За време на неговиот прв мандат, претседателот Доналд Трамп имаше планови да го прекине американското присуство во Сирија, на што се спротивстави тогашниот секретар за одбрана Џејмс Матис, кој поднесе оставка во знак на протест кон крајот на 2018 година.
Tagged as:
Пентагон развива планови за повлекување на 2.000 војници
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖