Топ Вести - Слушај сега
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека „Америка победува“ во операцијата „Епски гнев“, нагласувајќи дека Вашингтон е подготвен за долга конфронтација со Иран.
На денешната прес-конференција во Пентагон, Хегсет порача дека операцијата се спроведува решително и без компромиси.
— Денеска стојам пред вас со една недвосмислена порака за операцијата „Епски гнев“. Америка победува, решително, разорно и безмилосно – изјави Хегсет.
Тој најави испраќање дополнителни американски сили на Блискиот Исток и истакна дека САД ќе одвојат време колку што е потребно за да обезбедат победа.
— Сè уште е многу рано и, како што претседателот Трамп рече, ќе го одвоиме сето потребно време за да се осигуриме дека ќе успееме – додаде Хегсет.
Министерот потврди и дека, според американската армија, во Иран вчера бил елиминиран висок функционер поврзан со заговорот за атентат врз претседателот на САД, Доналд Трамп, во 2024 година. Американското Министерство за правда тогаш подигна обвинение против ирански државјанин за наводен заговор за убиство на Трамп, за кој Вашингтон тврдеше дека е нарачан од иранската Револуционерна гарда.
— Лидерот на единицата што се обиде да го убие претседателот Трамп е пронајден и убиен. Иран се обиде да го убие претседателот Трамп, а претседателот Трамп последен се смееше — рече Хегсет, без да го открие идентитетот на лицето.
Хегсет се осврна и на нападот врз училиште за девојчиња во градот Минаб, на почетокот од судирот, во кој, според иранските власти, загинале повеќе од 160 лица.
— Тоа го истражуваме. Секако дека никогаш не гаѓаме цивилни цели – изјави тој.
Американскиот министер за одбрана го пофали Израел како „постојан партнер“ и „храбар и способен сојузник“.
— Тукушто ја започнавме борбата. Америка се бори за победа и во операцијата „Епски гнев“ ние токму тоа го правиме – порача Хегсет.
Tagged as:
Пентагон најави нови сили на Блискиот Исток
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
