Славниот музичар Жељко Бебек и неговата сопруга Ружица ја прославија 24-годишнината од бракот, а тој ја сподели добрата вест со своите следбеници.
По тој повод, објави фотографија од свадбата и ѝ испрати на сопругата емотивна порака што трогна многумина.
– Моја Ружице, прославивме уште една заедно! Ти благодарам за секоја година љубов, смеа и за сѐ наше најубаво. 24 – напиша Бебек.
Објавата брзо привлече големо внимание, а следбениците почнаа да пишуваат честитки и добри желби по повод оваа голема годишнина.
Инаку, Жељко е 34 години постар од Ружица, но возраста не им беше пречка.
– Влеговме во тоа затоа што чувствувавме дека можеме, дека дефинитивно ќе успееме да најдеме соработка и голема љубов. Немаше строги критики, но критиките беа преку прашањето – како сте вие двајцата? А сега по нашите 25 години заедно, насловите во весниците уште се: Жељко Бебек и неговата 34 години помлада сопруга. Па, со него сум 25 години, не сум два месеци, па таа бомбастична „34 години помлада“. За мене, овие натписи поврзани со возраста навистина немаат смисла. Толку помлада, толку помлада – со него сум 25 години, воопшто не е важно, годините се само бројка – изјави еднаш Ружица за списанието „Ин“.
Ружица е третата сопруга на Бебек.
– На некои луѓе им се случува еднаш, на некои никогаш. Три пати се обидов да се оженам и третиот пат успеа. Се сеќаваш на секој состанок, на секоја средба, на свадба, на раѓање деца, а потоа тие денови што ги паметиш секогаш ја надополнуваат убавината на животот. И затоа сум веројатно најсреќниот човек на светот – рече Жељко.
Почетокот на нивната љубовна приказна била како од филм. Имено, Жељко и Ружица се запознале кога таа дошла да го замоли за автограм на еден од неговите концерти. Заедно имаат две деца, синот Звонимир, кој ги следи стапките на својот татко и свири гитара во неговиот бенд и ќерката Катарина.
Тој има уште две ќерки од претходните бракови, а најстарата има веќе над 50 години.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
