Пејачката Лепа Брена (64), која се појави на поп-сцената на Србија пред повеќе од 40 години, официјално се пензионираше ова лето.
Според извор близок до пејачката за српскиот „24седам“, Брена ги поднела потребните документи за пензионирање пред неколку месеци, а сега добила решение од фондот ПИО со кое го остварила своето право на надомест.
Изворот на споменатиот медиум истакнува дека ова ново поглавје во животот на пејачката предизвикало кај неа да се разбудат бројни спомени што ги доживеала за време на кариерата, но и дека не е многу среќна колку брзо минува времето.
„Таа е среќна што се пензионирала, но не се чувствува како пензионерка и самата таа титула ѝ е чудна. Особено затоа што нема да го промени својот начин на живот. Брена ќе продолжи да настапува како порано, но и ќе ужива во тоа максимално, што веќе го започнала за време на короната. Потоа сфатила дека е време повеќе да се посвети на себе и на Боба по години напорна работа“, наведува изворот.
Да потсетиме, Брена своевремено зборуваше за можноста за пензионирање, а потоа истакна дека е во период кога најмногу ужива во својата работа и концерти.