Пејачката Џеси Џи (37) неодамна го одржа својот последен настап пред да одлучи да се повлече од сцената поради сериозни здравствени проблеми.
По дијагнозата на рак на дојка, таа веднаш ја започна борбата против болеста. Неодамна, таа го оперира и отстрани ракот, беше подложена на мастектомија, а потоа со задоволство објави дека се опоравила.
„Како ги поминав последните 24 часа… Шест недели по операцијата, се вратив на истото одделение. Не беше очекувано, ниту планирано. Имав и сè уште имам симптоми кои укажуваа на тромб во белите дробови. Му благодарам на Бога што не беше згрутчување на крвта“, напиша пејачката.
Џеси објасни дека лекарите направиле серија тестови кои покажале дека има инфекција и мала количина течност во белите дробови. Точната причина за инфекцијата сè уште не е позната и таа ќе продолжи со дополнителни анализи во амбулантски услови.
„Дишам тешко, но ме отпуштија синоќа. Мразам да бидам во болница“, искрено призна таа, додавајќи дека нејзиното тело јасно ѝ сигнализирало да забави.
Фото: EPA-EFE/ALEXANDRA WEY