Во раните утрински часови утре (среда, 15 јули) на подрачјето на Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Градот Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Доколку временските услови не ја дозволуваат авионската дезинсекција, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, соопшти Град Скопје.