Српски патник се нафрли на човек кој предизвика хаос на летот на EasyJet од Лутон до Глазгов.
Инцидентот се случил во недела, 27 јули, околу еден час по полетувањето. Човекот, по излегувањето од тоалетот, извикал: „Имам бомба“, „Смрт за Америка“, „Смрт за Трамп“ и „Алаху Акбар“.
Додека другите патници се огледувале наоколу со страв или снимале, српскиот патник станал од своето седиште и се нафрлил на човекот кој му се заканувал.
Откако го соборил на подот и го спречил да се помрдне, другите патници му притрчале на помош и го држеле човекот долу.
Кога го прашале зошто се заканува дека ќе детонира бомба во авионот, човекот одговорил: „Сакам да му испратам порака на Трамп“.
„Но, Трамп не е во овој ебан авион, тука има луѓе и семејства“, одговорил еден патник, на што човекот кој ја упатил заканата одговорил: „Но, Трамп е во Шкотска“.
Би-Би-Си објави дека 41-годишен маж кој ја упатил заканата во авионот бил уапсен по слетувањето. Полицијата верува дека станува збор за изолиран инцидент и дека ниту еден патник не бил во опасност.
Истрагата е во тек, а снимките од авионот што беа објавени на социјалните мрежи се земени како доказ.