Царинските служби на аеродромот во Франкфурт запленија повеќе од 11.270 дијаманти пронајдени во рачниот багаж на 53-годишен патник кој пристигнал со лет од Ангола. Мажот веднаш бил уапсен и сместен во истражен притвор.
Според информациите на германската царина и федералната полиција, дијамантите биле вешто сокриени под лажно дно во патничката торба, со што патникот се обидел да ја избегне обврската за нивно пријавување при влез во државата.
Надлежните соопштија дека вредноста на дијамантите сè уште не е утврдена, бидејќи се работи за суров материјал кој мора да биде проценет од стручен експерт. Осомничениот не поседувал ниту соодветна документација и сертификат за потекло, што е задолжително при внесување ваков вид стока во Германија.



























