Background

Пасхално послание од поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерески синод упатија Пасхално послание по повод Велигденските празнувања.

„Ова лето Господово, во кое повторно преку благодатта Божја ни е даден вечноживиот дар за прославување на Велигден, ќе одбележиме и годишнини од нашето минато, кои, како во Татковината, така и насекаде до каде што нè има како народ, ќе ни овозможат повторно да го оживееме споменот за тие светли настани од нашата црковна и национална историја. Така, во оваа година се навршуваат 1140 години од враќањето во Македонија на светите Климент и Наум од Моравската мисија, со што се организирал црковно-литургискиот живот на Охридската Црква и се поставиле темелите на Охридската книжевна школа. Годинава се навршуваат и 1110 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква, кој, во радоста на вечниот живот, е наш постојан молитвеник и закрилник. Се навршуваат и 150 години од Разловечкото востание, како и 80 години од донесувањето на првиот Устав на НР Македонија, со кој се потврди возобновената македонска државност. Еве, овие незаборавни настани, врежани во нашата црковно-национална самосвест, нека ни бидат поттик за да го чуваме споменот за нашите достојни претшественици, кои се вградиле во основата и во обновата на нашата Татковина Македонија и на нашата Македонска Црква. Но тие нека ни бидат и порака да ги сочуваме придобивките коишто ни ги оставиле, а потоа и да ги надградуваме, давајќи нови плодови.

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: Христос воскресна!“, се наведува во обраќањето на поглаварот Стефан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation