Парното поскапува за 5,03%, информира на денешната прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Бислимоски рече дека причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60% учествувало со 51% во производството на топлинска енергија.
Зголемувањето на сметките ќе биде 100 денари за просечно семејство.
Се очекува наскоро и топлификација Скопје Север да поднесе барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот.