Папата Франциск, кој минатата недела беше хоспитализиран поради бронхитис и инфекција на респираторниот тракт, ќе остане во болница откако анализите покажаа слаба крвна слика, а неговата терапија ќе биде соодветно модификувана, соопшти денеска Ватикан.
„Резултатите од тестовите направени во последните денови и денеска покажаа полимикробна инфекција на респираторниот тракт, што доведе до дополнителна промена на терапијата. Сите досега спроведени тестови укажуваат на сложена клиничка слика за која ќе биде потребна соодветна хоспитализација”, се наведува во соопштението од Ватикан.
Во соопштението се додава дека папата, и покрај неговата болест, успеал да се одмори изминатата ноќ и останува под надзор на лекарите, пренесува Ватикан Њуз.
Минатата недела, за време на миса во Ватикан, 88-годишниот понтиф побара од еден асистент да ја заврши неговата беседа бидејќи имаше потешкотии со дишењето. На 14 февруари тој беше примен во болницата „Агостино Џемели“ во Рим, за да му бидат направени анализи и да продолжи со третманот за бронхитисот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
