Суспендиран е затворскиот полицаец, којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското одделение во Шутка, но истрагата нема да заврши тука, уверува директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во интервју за вечерашната „Топ тема“.
Според него, јасно е дека во шемите се вклучени повеќе лица.
Само во вонредна контрола денеска пронајдени се и одземени 70 мобилни телефони.
– 100 дисциплински постапки има кон затворски полицајци откако сум јас директор – вели Пандов.
Тој потврди дека на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова му е одземен мобилниот телефон кој, како што рече, му бил однесен во кутија колачи во ќелијата.
– Затворскиот полицаец што ја однел кутијата без да ја провери, е суспендиран. Од другата ќелија рекле дека на некој во ќелијата на Васил Јованов му паднал шеќерот, нешто во што никој не верува затоа што тоа се стари шеми – истакна Пандов.
Tagged as:
Пандов вели дека за 100 полициски службеници се водат дисциплински постапки
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
