Background

Пандов откри што ќе добие новиот мегазатвор во Идризово

Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов, најави дека очекува до крајот на годинава да започне изградбата на втората фаза во Затвор Идризово – комплетно ново затворено одделение и нова зграда за Централен притвор со капацитет од 420 кревети.

Централниот притвор, со тоа целосно ќе биде во Затворот Идризово наместо како досега и во други градови, и како што појасни Пандов, ќе биде ставена во функција и судницата со што ќе нема трошоци за спровод на осомничени лица, а ќе има и затворска болница и нова кујна.

Со завршувањето на втората фаза, според Пандов драматично ќе се промени сликата за затворскиот систем, посочувајќи дека околу 65 проценти од затворниците сега се наоѓаат во Идризово.

- Advertisement -
Ad image

Државата, појасни Пандов, во 2010 година добива кредит од Банката за развој на Совет на Европа во висина од 50 милиони евра, и со половината од тие средства минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, гради комплетно нов затвор во Куманово, Воспитно поправниот дом во Волковија,Тетово и ја завршува првата фаза во затворот Идризово, односно се градат комплетно ново отворено и полуотворено одделение.

– Затворот во Куманово е 2014 година пуштен во употреба, а ВПД Волковија и отвореното и полуотвореното одделение во затворот Идризово во 2018 година. За жал, иако им останале 26 милиони евра на сметка, минатата власт на СДС и ДУИ немаат ниту шајка заковано. Дополнително заради нивното коруптивно однесување и непреземање никакви работи… парите коишто се на сметка, за коешто ние како граѓани сме плаќале камата во сиот овој минат период, јас кога дојдов како директор на Управата за извршување на санкции беа под мораториум односно ние немавме право да ги користиме – изјави Пандов.

Во меѓувреме, рече Пандов, повторно имавме посета од висока делегација од Банката за развој на Совет на Европа и дека очекува на 15 јули повторно да ни бидат достапни парите за изградба на втората фаза.

– Во таа втора фаза кога би ни дозволиле, ние требаше да учествувавме претходно со една третина, значи на тие 25 милиони Република Македонија требаше уште со околу 15 милони евра. Меѓутоа годиниве имаше инфлација каква што имаше. Цената на чинење на градба е зголемена и за жал проценките се сега дека учеството на Република Македонија ќе дојде до 50 отсто. Не можам со 100 процентна сигурност, но она што имам зборувано со премриот Мицковски е дека Македонија и покрај зголемување на трошоците ќе направи се во наредниве години да ги обезбеди тие пари – изјави Пандов.

Пандов, посочи дека веќе ги прават сите подготовки како Управа да ја обноват градежната дозвола за градба во Идризово и тогаш кога ќе ни биде одобрено од Банката за развој, во текот на годинава да распишат тендер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation