На заедничкото сликање пред почетокот на средбата која започна во 21:30 часот, на Путин му беше поставено прашање од новинар за убивањето цивили, на кое тој, пред камерите, одлучи да не одговори.
– Мислам дека она што можевме да го потврдиме во првите 10 минути од самиот Трамп е дека тој не е баш во целосна контрола кога е во друштво на рускиот претседател – објавува „Скај њуз“.
Новинарите му поставија на Путин многу директно прашање додека седеше веднаш до американскиот претседател: „Ќе престанете ли да убивате цивили?“

– Мислам дека реакцијата на рускиот претседател, кој само го игнорираше прашањето и се насмевна, зборува многу. Многу луѓе се надеваат дека ова нема да биде последното прашање поставено, ако не од новинарите, тогаш од самиот Трамп – изјави аналитичарот за „Скај њуз“.
Имено, како што може да се види на самото видео, Путин едноставно покажа на увото, објаснувајќи дека не слушнал ниту разбрал (иако е познато дека течно зборува англиски) и ги крена рамената.
Двајцата претседатели се воздржаа од изјави за медиумите на почетокот на преговорите и не одговорија на прашања од претставници на медиумите.
Додека седеа на состанокот, и Трамп и Путин разменуваа повремени насмевки, иако Трамп претежно држеше сериозен израз на лицето.
Рускиот претседател е познат по тоа што често го покажува своето расположение преку држењето на телото. Поранешните американски претседатели коментираа за неговата навика да се потпира наназад во столот додека зборуваат, знак на неговата незаинтересираност.
Во Алјаска, тој не се потпираше наназад. Наместо тоа, седеше наведнат напред, со скрстени раце, додека камерите кликаа, а новинарите поставуваа неодговорени прашања, според Си-Ен-Ен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
